Вечерва гостин во емисијата „Директно“ на Тера телевизија беше претседателот на Собранието, Јован Митрески кој е и носител на листата на СДСМ и Коалицијата за петтата изборна единица.
Го прашавме зошто граѓаните да гласаат за Стево Пендаровски.
„Стево Пендаровски затоа што е чесен, затоа што е модерен политичар, затоа што е одговорен, затоа што тоа што го кажал го прави, затоа што е претседател на сите граѓани, буквално докажувајќи во овој пет годишен период дена кај него вратата за сите граѓани, без разлика дали припаѓаат на една политичка партија, етничка заедница, верска, кај него секогаш вратите биле отворени. Тоа што го зборувал во предизборието, тоа го правел како претседател на државата, сигурен сум дека тоа ќе го прави и во следниот период. Да не зборувам во споредба со другите кандидати, тоа е неспоредливо“ рече Митрески.
Митрески го коментираше и барањето на Мицкоски да се изјасни и Пендаровски и Ковачевски и ДУИ дали ќе го бојкотираат вториот круг ако Пендаровски изгуби на првото гласање.
„Во врска со изјавите на Мицкоски, што да кажам, нешто слично како тие анкетите кои ги слушавме во претходниот период, мислам дека е за создавање на некоја атмосфера демек на сигурна победа, па сега дали Пендаровски би го бојкотирал. Пендаровски ќе биде идниот претседател’ рече Митрески.












