Мицкоски: Ако Гоце Делчев денес беше жив, сигурно ќе беше прогласен за антизападен

По повод 118 години од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски напиша на Фејсбук дека Делчев е љубов, патриотизам, пркос, слобода и најдобриот син на Македонија.
„Ако Гоце Делчев денес беше жив, сигурно ќе беше прогласен за антизападен, ќе беше скандализиран, омаловажуван.
Зошто? Затоа што тој е сѐ што денешната власт не е. Огледало на нивниот недостаток на морал, недостаток на патриотизам и љубов кон Македонија.
Затоа од неговото име се плашат и денес. Затоа што Делчев пред сѐ е љубов, патриотизам, пркос, слобода. Тој е најдобриот син на Македонија!
4 мај не е крајот, туку почетокот на живата легенда, но и завет за Македонија! Слава му!“ напиша Мицкоски на својот Фејзбук профил.
Сподели