Мицкоски: Битола е врвен приоритет за ВМРО ДПМНЕ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа беше пречекан од новиот претседател на ОК на партијата во Битола Иванчо Тошевски и од членови и симпатизери пред партиското седиште во Битола.

Во изјава за медиумите, Мицкоски рече дека Битола им е важна и него и на партијата и таа во новата програма која ја насловија „Нов завет“ има висок приоритет.

Запрашан зошто ја изгубиле Битола на изборите, тој призна дека во минатото направиле грешки, но дека сега од нив извлекле поука, па Битола ќе биде меѓу приоритетите во нивната нова изборна програма, додавајќи дека ќе се вика „Нов завет“

„Политиката е динамичен процес, еднаш победувате, друг пат губите. Се разбира ги анализираме грешките во минатото и врз основа на тие грешки носиме заклучоци како да продолжиме во иднината. Мислам дека извлековме поука од грешките што ги правевме во минатото и истите ќе ги корегираме за во иднина повторно да победиме во Битола оти овој град за партијата е од врвен приоритет “, рече Мицкоски.

Прашан за споменувањето на Преспа како место за средба меѓу Заев и Ципрас и како го коментира предлогот кој се појави низ медиумите „Република Северна Македонија“ тој рече:

„Тоа се новинарски шпекулации, полу информации, полу вистини. Ние сме надвор од процесот, комплетмо сме исклучени од било каква информација, она што најчесто го добиваме како информација е од нивинарски текстови и она што кај нашиот јужен сосед се лиферува како вест. Инаку Преспа е убав град во Република Македонија каде што има едно прекрасно езеро“, рече Мицкоски.

 

Share.