Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата „Образовна платформа за иднина” на тема „Нов концепт за развој на образованието”, зборуваше и за реформата која ја планираат, за по изборите, за реформа на министерствата во владата.

„Мислам дека е добро тоа да го кажеме денеска, затоа што како што ќе одминува кампањата можеби нема да биде забележано во самата кампања. Многу е важно образовниот концепт да биде комлетен. Сега имаме чувство дека образовниот процес не е комплетен. Кога звборувам дека не е комплетен мислам во рамките на министерството за образование. Имаме основно, имаме средно, имаме високо образование, но ни недостасува еден фундамент, односно базата, а тоа е прешколското образование, популарно наречно градинките. Тие се сега како одговорност на министерство за труд и социјална политика.
Во оној процес на реорганизирање и реструктуирање на владата каде што планираме фундаментални реформи, бидејќи цениме дека владата ваква како што е составена, некако не одговара на современите текови кои се потреба на граѓаните и планираме сериозна реорганзиација во ресорите и мислам дека ова ќе биде важно за граѓаните тоа што ќе го кажам, а тоа е дека претшколската едукација, односно образованието пред основното, односно образованието во градинките треба да го вратиме онам каде што припаѓаат, а тоа е министерството за образование“ рече Мицкоски.

Тој вели дека тоа има предицвици, но дека тие облекле копачки, излегле на терен и играат натпревар во кој што се борат, а со тоа ќе ги решаваат тие предизвици.
Тој вели дека ќе има и такви кои сега ќе кажат од каде им текна таа работа.
„Најдоброто нешто во животот да го направи, секогаш ќе има некој што ќе ви каже зошто се чешлате на десно, а не на лево. Па така и ова. Сигурно ќе има предизвици, но ние ќе ги решаваме“ рече тој.
Мицкоски рече ека ценат дека на среден, па и на долг рок тоа ќе има исклучително позитивен ефект. Тој исто така кажа дека министерството за труд и социјална политика, ќе биде министерство за социјална политика, демографија и млади.













