Мицкоски: Излезот е рушење на оваа катастрофална влада преку предвремени избори

0
427

ВМРО-ДПМНЕ многу скоро ќе застане на нозе, се реструктуира, моментално тече процесот на реструктуирање и тргнуваме во одлучувачки поход до конечно уривање на оваа ненародна власт на следните предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на гостувањето во вестите на телевизија Алфа.

Тој истакна дека Македонија нема друга опција, заслужува подобро и има надеж која што ќе ја направи европска држава на среќни граѓани.

-Тоа е алтернативата, тоа е сонот на многу граѓани, а не понижена, омаловажена и со поднаведната кичма што сега е реална ситуацијата во Република Македонија, констатираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.