Мицкоски му оддаде почит на навивачот Никола Саздовски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Неколку стотина граѓани синоќа се собраа пред Собранието во знак на протест и да изразат жалење за смртта на членот на навивачката група Комити и фан на фудбалскиот клуб Вардар, Никола Саздовски. Свеќа запали и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој дојде облечен во дрес на Вардар. По оддавањето почит, тој го соблече дресот и го остави на масата каде беше поставена фотографија со ликот на 21-годишниот Саздовски.

Членови на навивачката група „Комити“ донесоа знаме со ликот на Саздовски и го поставија на заштитната ограда на Собранието. Протестот се одвиваше во тишина.

Share.