Мицкоски: Нема да бидеме дел од решение кое што нема да одговори на интересите на Македонија

0
236

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата Отворено на ТВ  24 изјави дека партијата нема да поддржи промена на Уставот со цел промена на уставното име Република Македонија.

Тој рече дека тие не дискутираат за идентитетските одредници.

„Ниту ние ќе дозволиме да бидеме оправдување за неуспехот на некого ниту пак ќе бидеме дел од решение коешто нема да одговори на интересите на Република Македонија“ – рече Мицкоски.

Тој вели дека владините претставници постојано ги менуваат своите изјави и даваат различни ставови во врска со овој процес. Смета дека тоа го прави и самиот премиер Зоран Заев.

Мицкоски прашува ова ли е тој живот, кој го ветуваа на граѓаните и кажа дека му е жал за притворените за 27 април, посебно за оние кои имаат малолетни деца како Жаклина Пешевска, Крсто Муксоки и други.

faktor.mk