Мицкоски не кажа дали ќе излезе на гласање

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа во интервју за „Телевизија 24“ одби да одговори дали ќе излезе да гласа на референдумот за Договорот со Грција.

– Ќе мора да причекате до 30 септември и да го видите мојот став. Дали Христијан Мицкоски ќе излезе или нема да излезе на референдумот во овој момент воопшто не е важно. Важно е дека ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не води кампања за овој капитулантски договор. На овој референдум овој таканаречен договор не е дел од референдумското прашање, туку прашањето е трозначно, манипулативно и има задача да внесе забуна кај граѓаните – изјави Мицкоски.

 

Share.