Мицкоски: Ова е срам за демократијата, никој не знае каде е исчезнатиот пратеник

Ако се потврди уште еднаш трговијата со пратеници, се поставува прашањето дали воопшто вреди човек тука да се занимава со политика додека постои власта на Заев, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Дали е жив здрав, прав, да видиме каде се наоѓа човекот. Освен на јазик различен од  македонски и албански порака на социјалните мрежи друго не знаеме, физички што се случува со човекот, дали е некаде против своја волја или е доброволно таму. Да ги видиме тие вредности што ги споделува затоа што пратеници туку така не исчезнуваат, во тие заедници кои што тој ги наведе во својот фејсбук статус, како што се САД и Европската Унија. Претседателот на државата кој што е најодговорен заедно со претседателот на Владата немаат досега јасен став околу тоа каде се наоѓа пратеникот бидејќи пратеник во македонското Собрание нема.

Ние не знаеме дали е тој киднапиран и се држи без своја согласност или доброволно се држи или избега, не знам зошто е ако е доброволно не беше денеска тука појавен, ќе си се гласаше ако беше против да падне оваа Влада ќе си гласаше против и Иницијативата ќе завршеше 60-60, и ќе го спасевме народот и јавноста од ваков срам.

Вака се отвора простор за многу шпекулации, многу би рекол ете изјави од различни извори, дали се потврдени или непотврдени, дали се точни или неточни. Но, она што е јасно е дека власта се препелка во жива кал, ако мислат дека е ова политички триумф, не напротив, мислам дека ова е голем срам за демократијата, голем срам за вредностите кои што се наведени во тој статус. Се шпекулираше за вакво нешто уште во текот на вчерашниот ден дека ќе се случи, ако мислите дека не се сме го очекувале, тогаш се лажете, го очекувавме“ рече Мицкоски.

Седницата за гласање недоверба за Владата трае до полноќ и чекаме да се појави пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, порача попладнево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Сподели