РЕК е во алармантна и катастрофална ситуација поради сето она што се случувало во изминатите години, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски прашан за денешното исклучување на два блока од електроенергетската мрежа.
„Видовте имаше и една голема акција, но тоа е само почеток. Таму ќе има уште многу од она што го располагам како информација. Но, се бориме. Денеска очекувам да се стабилизира таму состојбата и да продолжиме со редовно производство и со она кое што го добиваат граѓаните, гледате се е нормално, се функционира нормално“ рече Мицкоски.












