ТЕРА

REKLAMA???

МИЦКОСКИ: ПЕНДАРОВСКИ НЕКА КАЖЕ ЕДЕН ПРОБЛЕМ КОЈ ГО РЕШИЛ

Кога сме кај Стево Пендаровски сакам да потсетам на неколку работи затоа што ако не се потсетуваме ќе заборавиме, а јас не сакам да се заборават работите кои понатаму ќе бидеме обвинувани дека не сме ги кажале и не сме потсетиле”, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош.

Претседателот Мицкоски истакна дека Стево Пендаровски го нема никаде пет години да се појави, а се фали дека решавал илјадници проблеми.

„Стево Пендаровски пет години го нема никаде и се фали дека решавал илјадници проблеми еве јас ќе му поставам едно прашање. Нека каже Стево Пендаровски не 1000, не 100, не 10, туку еден проблем кој тој го решил а јас можам да му набројам сега 10 кои ги создал. Па ќе го слушнете Стево како излегува на бина и небаре прв пат е на политичката сцена, а заборава дека цели 30 години битисува на македонската политичка сцена, па ќе го слушнете како тој ќе ви каже дека го осудувал криминалот и со тоа директно посочува дека владата на ДУИ и измеќарите од СДСМ се најкриминалната и најкорумпираната политичка гарнитура која некогаш ја водела Македонија”, рече Мицкоски.

Мицкоски продолжи и додаде:

„Прашањето е по што Стево ќе биде препознаен овие 30 години откако функционира на македонската политичка сцена, дали некој може да ми каже која е добрата работа по која Стево ќе биде препознаен, јас не можам да се сетам, не памтам долго 30 години, но во последните 5 не можам да се сетам на една паметна работа која Стево Пендаровски ја направил, а можам на многу други лоши работи како на пример дека Гоце Делчев бил Бугарин, се сеќавате ли на таа работа, се сеќавате ли на Стево Пендаровски кога кажа дека ако не бил претседател и тој ќе се иселел од Македонија, имаме шанса 24 април да излеземе масовно сите и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, да гласаме за бројот 2 и да му помогнеме на Стево да почне да ги пакува куферите а потоа на 8 мај уште помасовно и жестоко да излеземе не само да ја направиме Македонија горда, туку да ја направиме твоја, ваша, наша Македонија”, истакна Мицкоски.

Претседателот Мицкоски посочи дека ова се избори каде не треба да се наседне на лагата на СДСМ и Стево Пендаровски.