ТЕРА

REKLAMA???

МИЦКОСКИ: ЌЕ ИМАМЕ ИНВЕСТИЦИСКИ БРАН ОД 300 МИЛИОНИ ЕВРА

Договорена е каматната стапка, од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем од понеделник да бидат поделени на македонското стопанство, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

„Ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра- историски договор, со историски најниска каматна стапка.

250 милиони евра од понеделник да бидат поделени до оние на кои им е потребно, односно македонското стопанство.

Договорена е каматна стапка од 1,95%, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите“ вели премиерот Христијан Мицкоски.