Мицотакис го обвини Ципрас за поделба на Грците по прашањето за името на Македонија

0
408

Киријакос Мицотакис, лидерот на опозициската Неа демократија по денешната средба го обвини премиерот Алексис Ципрас за поделба на Грците. Грчкиот премиер денеска има серија поединечни средби со лидерите на политичките партии на кои ги информира партиите за текот на разговорите за спорот што Грција го има со уставното име на Македонија.

Според грчките медиуми, Мицотакис изјавил дека само поминал да се сретне со Ципрас поради неговата „институционална улога” како лидер на опозицијата.

Грчките опозициски партии се лути поради тоа што, како што велат, неприфатливото одложување на информирањето на водачот на земјата по разговорите со посредство на ОН за прашањето за името „Македонија”.

„Ципрас никогаш не ги информираше парламентот или грчкиот народ. Отиде на преговори, без да ја обезбеди поддршката на неговиот владин партнер. Сепак, полошо е тоа што тој ги подели Грците. Тој им се спротивстави на нашите сограѓани кои легитимно ја искажуваат својата патриотска загриженост”, изјави Мицотакис.

Серијата брифинзи на Ципрас со други лидери на партиите е во тек и се очекува да заврши подоцна оваа вечер.

мкд.мк