Мишевски подготвен за историскиот момент

На околу еден час пред натпреварот меѓу Македонија и Австрија, на трибините на националниот стадион во Букурешт, Романија, во делот за медиумите е и нашиот колега Зоран Мишевски, кој ќе го следи во живо овој историски натпревар за Македонија на Европското фудбалско првенство.

Историски натпревар заради фактот што прв пат обезбедивме пласман за учество во ова големо и важно натпреварување. Историски затоа што државното знаме веќе се вее на големиот стадиот и историски што на Европско првенство ќе се интонира македонската химна.

Една американска телевизија го прогласи дресот на македонските репрезентативци за најубав на ова натпреварување, а претходно сите светски медиуми пишуваа како Македонија ја победи репрезентацијата на Германија.

За  сите случувања од таму, следете во Спорт рапорт на Тера телевизија со Зоран Мишевски.

 

 

Сподели