Младата Македонија силно парираше, но загуби од Словенија во Дебрецин

Машката ракометна репрезентација со пораз од Словенија го почна настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка, кое претставува и почеток на нова ера за македонскиот машки ракомет. Македонија загуби од Словенија со 27-25, што уследи откако стана јасно дека Кире Лазаров нема да може да игра на првенството, туку ќе биде само во улогата на селектор.

Мартин Томовски со 14 одбрани беше извонреден и ги одржуваше нашите ракометари во игра, додека во нападот се истакна младото крило Кузманоски кое постигна дури осум погодоци, три повеќе од Кузмановски и четири од Филип Талески.

Во второто коло за два дена, Македонија ќе се сретне со Црна Гора од 18:00 часот.

Сподели