Младата ресенчанка која не гледа ја промовираше својата книга во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Тајните од моето срце е првата стихозбирка на ресенчанката Јована Трајчевска која што денеска ја презентираше пред битолчани.

Како светот се гледа низ уметноста, и кога судбината ќе си поигра со нас, тоа најмногу се гледа кај младата ресенчанка која и покрај тоа што по тешка болест таа го загуби видот, сепак не ја загуби, силната волја за живот, за постојано учење и напредување.

Во неодамнешно интервју за Тера мултиталентираната Јована ни покажа како одлично свири на клавир и хармоника а има и посебен талент кон пеење и моделирање од глина и пластелин.

Започна со пишување на 8 години. А денес на нејзината 3 промоција во Битола таа полни 11 години.

Јована светот го гледа преку своите песни. Со нив ги изразува своите чувства, желби и надежи. Ни откри дека во иднина сака да напише уште 5 книги.

Сите кои го прочитале поетското првенче на Јована Трајчевска се воодушевени од нејзиниот талент, вели председателот на здружението на слепи лица Стефче Костадиновски.

– Секој што ќе ја прочита таа книга ќе се почувствува радосен, денес сме собрани да ја испромовираме таа книга, бидејќи и на видно е напишана и на Браево е работена, значи и слеп човек можи да ја осети, верувајте тој што ја има читано ќе се наежи. Затоа денес со помош на некои градоначалници кои ни излегоја во пресрет, а исто така со помош на Лајонсите кои што се наречени витези на нашата светлина, борци против слепилото кои секогаш се тука со нас и сум му благодарен многу а особено за ова денес што се организира е заслуга нивна, а исто така и на нашата секретарка Лилјана Корлеска и на Борче Корлески, вели тој.

Јована е одлична математичарка и шахистка. Посебна љубов има кон животните и цвеќињата.

Уметничките врати за Јована се отвораат заедно со нејзиниот ентузијазам кон творештвото. Јована е посебен инелект во голем број свери од живот. Родителите на Јована се горди, и секогаш спремни да ја подржуваат во нејзините амбиции.

Share.