Младинската сцена при Интимен театар со гран при на ДАФ

0
534

Претставата „Меѓу нас е тивко“ во изведба на Младинската сцена на Интимен театар од Битола ја доби наградата „Васил Ќортошев“ како најдобра на 55. Драмски аматерски фестивал (ДАФ) што синоќа заврши во Кочани.

Во претставата играат Ана Жежовска, која воедно е и режисер на претставата,

Валентин Дамчевски, Симеона Павловска.

Жири комисијата што ја сочинуваа актерите Горан Стојановски и Наталија Теодосиева, како и драматургот Билјана Крајчевска одлуката ја образложија со квалитетната колективна игра и вештото извршување на задачите во комплицираната естетика.

Нагарадата за најдобра режија му беше доделена на Владимир Јовановски за претставата „Дом за старци“ што ја изведе Летечката театарска трупа од Тетово.

Признанието за најдобра главна женска улога го доби Тина Танчева за ликот на Велика во истоимената претстава во изведба ЈОУ „Бранд Петрушев“ од Богданци.

Кристијан Јорданов, член на Младинското драмско студио „Прличко“ од Велес е добитник на наградата за најдобра главна машка улога за ликот на Патлен во претставата “Адвокатот Патлен“.

Признанието за уметничка иновација и истражување во аматерскот драмски израз го доби Аматерско позориште „Хранислав Драгутиновиќ“ од Прокупље, Република Србија.