Многу високо загадување во Битола и синоќа и утрово

0
753

Синоќа во 20 часот мерните станици на Министерството за животна средина во Битола измерија многу високо загадување со ПМ10 честичките во индустрискиот дел на Битола и исто така многу високо загадување и со ПМ2,5 и ПМ 10 честичките во центарот на Битола.

Уторово пак во 7 часот, многу високо загадување со ПМ2.5 честичките во центарот на Битола и високо загадување со ПМ10 честичките, а во индустриска Битола средно загадување.