Многу луѓе – многу погледи

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Изложбата ОХРИД─ПОГЛЕД ОД ДРУГАТА СТРАНА е финален производна приказната МНОГУ ЛУЃЕ –МНОГУ ПОГЛЕДИ, која во 2019 година беше избрана за една од десетте најдобри европски приказни во рамки на повикот „Приказни за европското културно наследство“.
Приказната е поддржана од Европската комисија и Советот на Европа, во рамки на програмата „Европски денови на културното наследство“.

Приказната „Многу луѓе─многу погледи“ е имплементирана од страна на Центарот за креативни индустрии─НЕБО од Суводол, Демир Хисар во соработка со ЈЗУ „Психијатриска болница“ од Демир Хисар и партнерските институции галерија „Куќа на Робевци“ Охрид, Музеј на Македонија, Скопје и Дом на култура „Илинден“ од Демир Хисар.

Учесници во приказната се: Гајтана Врбовска, Каролина Лучевска, Снежана Неделковска, Јане Крстески и Ерол Етемовски, лица хоспитализирани во ЈЗУ „Психијатриска болница“ во Демир Хисар.

Целта на приказната е да се претстави и сподели македонското културно наследство лоцирано во градот Охрид и околината како дел од заедничкото европско културно наследство, преку перспективата на маргинална група─психијатриски пациенти.

Проектот се состоеше од четири фази:

    Работилница по аналогна и дигитална фотографија;
    Тродневен престој во Охрид;
    Ликовна работилница и
    Три национални изложби

За време на  изложбата „Охрид/Поглед од другата страна“ ќе бидат прикажани триесет фотографии и триесет ликовни дела.

Изложбата беше прикажана во галеријата “Куќа на Робевци“ во Охрид (19-28 јануари) и во Музеј на Македонија во Скопје (5-14 февруари).

Додека во периодот од 18 до 28 февруари изложбата ќе биде претставена во Домот на културата во Демир Хисар, со која се заокружува и реализацијата на проектот „Многу луѓе─многу погледи“.

Share.