Могерини пред пратениците во Собранието на Македонија

0
288

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини во денешното обраќање во македонскиот Парламент порача дека нејзината главната порака е Македонија да го има јасно пред себе патот кој го трасирала и кој се потврдил во оваа недела.

„Бидете горди на позитивната препорака и што се вративте на патот кај што треба да бидете. Не заборавајте како се гради единство, особено по политичката криза која сега е надмината. Гледам нација со голема самодоверба, обединето мултиетничко општество кое сака да биде дел од ЕУ“, рече Могерини.

Могерини изрази уверување дека разговорите со Грција ќе доведат до решение, кое ќе ги задоволи двете страни и дека тоа ќе прерасне во основа за идна обединетост на европскиот континент. Таа повика Македонија да се движи брзо кон ЕУ и да инвестира во единство, демократските институции и во младите, односно во нивните аспирации и желби да се приклучат кон ЕУ.

„Време е да почнеме да трчаме заедно, еден со друг, заедно со вашите соседи уверена сум дека со таков трк ќе одите многу далеку“, порача Могерини на крајот од нејзиниот говор.