Модната линија “Фенти” на Риана и ЛВМХ ставена на пауза

Групацијата ЛВМХ, и музичката sвезда Ријана се договорија да ја прекинат нејзината модна линија „Фенти“ помалку од две години по нејзиното лансирање.

ЛВМХ во изјавата наведува дека активноста на „Фенти“, со седиште во Париз, „ќе биде ставена во мирување во очекување на подобри услови“, што според модните аналитичари, е редок неуспех за луксузната модна групација која ја надмина кризата со коронавирусот подобро од повеќето ривали.

 

 

РНБ пејачката и ЛВМХ го лансираа модниот бренд „Фенти“ во мај 2019 година, ова беше втор пат за француската групација да постави етикета од нула, во услови на зголемена побарувачка за луксузни соработки со славни личности.

Од ЛВМХ не ги образложија причините за стопирањето, но и после големата промоција и дебитантска колекција, брендот задржа релативно тивок профил и никогаш не правеше големи маркетиншки настани, дури и пред Ковид-кризата.

Сподели