Модна ревија на безбеднa – дизајнерскa детска облека

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност, на плоштадот „Магнолија“ во Битола беше промовирана безбеднa – дизајнерскa детска облека од флуоресцентни материјали и додатоци.

Европската недела на мобилност е единствената платформа на која градовите ги промовираат мерките за одржливата урбана мобилност, што подразбира пешачење, безбедно користење велосипед, квалитетен јавен превоз со единствена цел граѓаните да ги променат навиките.

Носител на проектните активности е општина Битола, воедно и координаторот на проектот – ГИЗ, а поддршка даваат голем број на институции, СВР Битола, ОСБСП Битола, Јавните претпријатија (ЈП Нискоградба и ЈП Паркинзи), основните училишта, Технички факултет Битола, здруженија на граѓани и други.

Share.