Можна трилатерална средба меѓу двете Кореи и САД

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин изјави дека е можно наскоро да се сретне со лидерите на Северна Кореја и на САД. Почнување преговори меѓу лидерите на Северна Кореја и САД, откако би се случила средба на врвот меѓу двете Кореи, само по себе би било историски настан. Во зависност од резултатот на тие средби, може да се одржи и трилатерален состанок меѓу лидерите на Северот, Југот и на САД, рече Мун Џае Ин.

Оваа изјава тој ја даде за време на посетата на Комитетот за подготовка на меѓукорејската средба на врвот. Според него, целта на најавените состаноци треба да биде прекин на нуклеарната закана на корејскиот полуостров.

slobodnaevropa.mk

Share.