Можни терористички напади на „Евровизија“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Амбасадата на САД во Израел објави безбедносно предупредување за сите американски граѓани во Израел.

Американската амбасада апелира Американците да бидат внимателни и да избегнуваат да патуваат во подрачја кои се мета на ракетирање од Појасот Газа.

Предупредувањето е објавено синоќа на годишнината од отворање на Амбасадата на САД во Ерусалим, што се совпаѓа со почетокот на „Евровизија“.

Терористичките групи можат да ја изберат годишнината што се совпаѓа со натпреварот за песна на Евровизија (14 – 18 мај) во Тел Авив и на Данот Накба (15 мај) да организираат насилни протести или напад, се посочува во соопштението од Амбасадата на САД.

Share.