Монографија за ликот и делото на Борислав Траиковски

0
292

Во рамките на манифестациите посветени на 100-годишнината од раѓањето на академскиот уемтник од Битола, Борислав Траиковски, МНД.-Битола ја издаде монографијата посветена на животот и делото на овој реномиран уметник,
промоција која се одвиваше во битолскиот Завод и Музеј.

– МНД-Битола со посебна почит го негува делото на ликовниот уметник и доајен на македонското сликарство Борислав Траиковски.
Станува збор за посебно монографско издание- посочи Марјан Танушевски, претседател на МНД-Битола.

– Монографијата го вреднува целоупното творештво на Траиковски. Во рамките на ликовниот опус на Траиковски, по негово кажување е автор на над 4000 дела -истакна внукот на Борислав, но и авторот на овој проект  адвокатот Никола Главинче.
Минатата година во рамките на активностите за одбележување на ликот и делото на Траиковски, во белградската галерија „Куќа Легата“ беше презентирана изложба со неговите дела, а потоа беше презентирана и пред вљубениците на ликовната уметност во Битола.
На објектот на неговото ателје во Бистрица беше поставена спомен плоча, а во битолскиот Завод и Музеј отворено спомен-ателје .

Борислав Траиковски се вбројува како еден од доајените на македонското современо сликарство, кој со својата индивидуалност припаѓа на современиот експресионистички израз
Дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Белград по ослободувањето во 1951 година.
Своевремено истакнал-  доколку би се преселил на друго место и не би можел да го гледам синилото на битолското небо, сигурен сум, би престанал да сликам.

Тиражот на монографијата е 500 примероци,  еден дел е издаден со поддршка на министерството за култура, вториот дел од донатори и спонзори и третиот дел е директна донација од семејството на Траиковски.