Монодрамата низ фотографскиот светоглед на Ставрев

0
347

„Низ фотографскиот светоглед“ на битолскиот хроничар, новинар и фотограф Петар Ставрев се одбележува 20 тото издание на интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола.

На постерите поставени се 80 фотографии од 3000 што Ставрев ги направил во изминатите 19 -те години на Монодрама.

Стеврев вели дека поради техниката многу потешко било да се фотографираат првите изданија на овој фестивал, отколку последните.

„Направен е обид да се ретроспектира она што се случуваше во изминатите 19 години. Еуфоријата беше поголема. Сега со техничките можности на апаратите, тие се многу погодни за фотографирање, светлосната јачина е подобрена. Инаку, во првите фестивали беше многу тешко да се слика.

Не беше дозволено да се слика со светло, одвај се трудевме нешто да извлечеме од она што се случуваше. Сега можноста е поголема да се долови она што се случува на сцената“, вели Ставрев.