ТЕРА

REKLAMA???

МОНОДРАМАТА „СИВ СВЕТ“ ОД ШПАНИЈА ИЗВЕДЕНА ВО БИТОЛА

Во рамките на 23.то издание на Фестивалот на монодрама, беше изведен независниот проект од Мадрид „Сив свет“, во изведба и режија на Зое Лопез Сампер.
Проектот се родил од потребата да се направи видливо анксиозното растројство и да се даде глас на луѓето кои страдаат од тоа, рефлектирајќи ги нивните чувства преку уметноста. 
Во оваа задача се користи танц-театар заедно со други експресивни елементи како што се сценографијата или звучниот простор, за да се драматизира како живее личноста со анксиозност, како можат да бидат нападите на анксиозност и каков ефект предизвикуваат. Целта на овој проект е да се постави темата на анксиозноста, а тоа да се направи на убав и експресивен начин преку уметност. Тоа е сепак , за  да се даде важноста што ѝ е потребна на менталната болест, бидејќи тоа е многу  важна тема во сегашноста, во нашето општество.