Москва го прашува Лондон

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Руската амбасада во Лондон испрати листа со 14 прашања до британското Министерство за надворешни работи, барајќи да ги открие деталите од истрагата на труењето со нервен агенс на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка.

Прашањата, наведени во целост подолу, вклучуваат барање да се разјасни дали примероци од нервниот агенс А-234 (исто така познат како Новичок) некогаш биле развиени во Велика Британија. Во изјавата на амбасадата, инцидентот, што го започна неодамнешниот дипломатски спор се нарекува „фабрикуван случај против Русија“.

1. Зошто на Русија ѝ е одземено правото на конзуларен пристап до двата руски државјани, кои се повредени на територијата на Британија?

2. Со кои конкретни антидоти и во каква форма се инјектирани жртвите? Како таквите противотрови дошле во сопственост на британските доктори на местото на инцидентот?

3. На која основа е вклучена Франција во техничката соработка во истрагата на инцидентот, во кој руски граѓани се повредени?

4. Дали Велика Британија ја извести Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) за вмешаноста на Франција во истрагата на инцидентот во Солзбери?

5. Каква врска има Франција со инцидентот, кој вклучува двајца руски државјани во Велика Британија?

6. Кои правила на процедуралното законодавство на Обединетото Кралство дозволуваат вклучување на странска држава во внатрешна истрага?

7. Кои докази им се предадени на Франција да ги истражуваат и да се спроведе истрага?

8. Дали француските експерти биле присутни за време на земањето примероци од биоматеријалите од Сергеј и Јулија Скрипаљ?

9. Дали прочувањето на биоматеријалите од Сергеј и Јулија Скрипаљ е спроведено од француски експерти и, ако е така, во кои конкретни лаборатории?

10. Дали Велика Британија ги има материјалите вклучени во истрагата спроведена од Франција?

11. Дали резултатите од француската истрага се презентирани до Техничкиот секретаријат на ОПЦВ?

12. Врз основа на кои атрибути е утврдено наводното „руско потекло“ на супстанцијата користена во Солзбери?

13. Дали Велика Британија има контролни примероци од агенсот на хемиското оружје, кое британските претставници го нарекуваат Новичок?

14. Дали примероци од хемискиот воен агенс од ист тип како Новичок (во согласност со британската терминологија) или аналогни на него биле развиени во Велика Британија?

Слична листа, која содржи 10 прашања, е испратена и до француското Министерство за надворешни работи од страна на Руската амбасада во Париз. Според документот, Москва сака да знае на која основа Франција била вклучена во британската истрага за труењето на Скрипаљ.

Од Париз бараат да открие каков вид на докази им се предадена на Франција од страна на Велика Британија, а исто така се запрашани дали француските експерти поседувале примероци од нервниот агенс А-234 (исто така познат како Новичок) или биоматеријали од Сергеј и Јулија Скрипаљ.

Русија, исто така, побара објаснувања како француските експерти заклучиле дека супстанцијата користена во нападот во Солзбери била нервниот агенс А-234 и дека е од руско потекло. Последното прашање на листата гласи: „Дали примероци од хемискиот воен агенс од овој тип аналогни на него се развиени во Франција, и ако е така, за која цел?“, пренесе РТ.

Share.