Москва предупредува за негативните последици од евентуален влез на Македонија во НАТО

0
683
Moscow kremlin at sunset

Русија ја предупреди Македонија на негативните последици од евентуално пристапување во НАТО алијансата. Според руската агенција ТАСС, ова на Гоце Карајанов, македонскиот амбасадор во Москва, му го пренел Александар Грушко, заменик-министерот за надворешни работи на Русија.

„Двајцата соговорници ги разменија ставовите за ситуацијата на Балканот“, се вели во официјалното соопштение од Министерството за надворешни работи на Русија во кое се додава дека руската страна ги истакнала негативните импликации за регионалната безбедност и за билатералните односи од плановите за пристапување на Македонија во НАТО.

„На средбата нагласено беше значењето за продолжување на работата на меѓувладината комисија за трговска и економска и научна и технолошка соработка“, соопшти МНР на Русија. Двете страни ја искажаа намерата да продолжат соработката во сферите од заеднички интерес.