Втор натпревар и втора победа за ракометарите на Еурофарм Пелистер во групата Б на Суперлигата. Попладнево во Битола падна Голден Арт со 32-25 (14-14). Момците на Матлиески во првиот дел играат мотивирано и полетно, дури и водеа, но на поолѕвреме се замина со израмнети 14-14.
Почетокот на вториот дел ја донесе одлуката: Одбраната и Кизиќ примија само три гола во дваесеттина минути, а Тунижаните Хосни и Суси ја наполнија мрежата на Даскаловски. Предноста брзо беше двоцифрена и лесно битолчни приведоа кон крај за финални 32-25.
Предводник во победничката екипа беше Усами Хосни со девет постигнати погодоци. Во екипата на Голден Арт се истакнаа Пеце Рајатовски и Мице Шилегов со пет погодоци, додека Ивица Илиев и Тони Јакиќ постигнаа по четири гола во мрежата на домаќинот.
Во следното трето коло в петок од 17:00 часот Еурофарм Пелистер го игра градското дерби против Еурофарм Пелистер 2.












