Мразот на Антарктикот драматично се топи

0
380

Топењето на мразот на Антарктикот алармантно се забрзува, при што во изминативе 15 години се стопиле три илјади милијарди тони мраз, се наведува во извештај на меѓународен тим експерти објавен денеска.

Во студијата се наведува дека во последниов четврт век на најјужниот дел на Планетата се стопило толкаво количество на мраз од кој е добиена вода што би можела да ја прекрие целата територија на американската сојузна држава Тексас во висина до четири метри.

Според експертите ваквото топење на мразот на Антарктикот придонело за покачување на глобалното морско ниво за 7,6 милиметри.

Во истражувањето се наведува дека во периодот од 1992 до 2011 година во просек се топеле по околу 84 милијарди тони мраз годишно, а од 2012 со 2017 година по 241 милијарда тони.