Музичка приказна на Авалон продукција која трае 25 години

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Авалон Продукција оваа година има важен јубилеј- 25 години од нејзиното постоење. Во рамките на јубилејната година, подготвија исклучителна програма, со концерти на бројни артисти од светската и домашната музичка сцена.
Во рамките на одблежување на 25 годишнината, тука се и традиционалните фестивали Skopje calling и Ohrid calling.

Концертната сезона стартуваше кон крајот на февруари со концертниот маратон на Каролина во МОБ, во март со концертот на ТОТО, во април со концертот на Јосипа Лисац, а она што следи во периодов се овие концертни настани:
Ѓорѓе Балашевиќ и концертот на  Владо Јаневски.
Следуваат-Брајан Фери,  2 CELLOS, Џетро Тул, Брит Флојд и уште многу други кои ќе ги најават во следниот период.
Авалон Продукција во изминатите осум години организирала настапи на повеќе од 300 светски и регионални изведувачи за публика од преку 700.000 посетители во четири земји од регионот.
Авалон Продукција е промотерска куќа чии основни дејности се музичко издаваштво и организација на концерти, музички фестивали и други слични настани. Основана во Скопје 1993 година, Авалон Продукција е една од најуспешните во музичката индустрија на територијата на целиот Балкан.
Во дваесет и пет децении постоење, Авалон Продукција има издадено 35 музички изданија на регионални изведувачи но и странски лиценцирани изданија. Меѓу изведувачите кои своите албуми ги објавиле за Авалон, се „Леб и Сол“, Тоше Проески, Каролина Гочева, Влатко Стефановски, „Мизар“ и многу други. Сепак, доминантна дејност на Авалон од 2000 година до денес е организација на концерти и букинг на странски изведувачи за територијата на југоисточна Европа.
Концерти, фестивали и регионални турнеи запишаа навистина голема листа на препознатливи имиња во историјатот на оваа продукциска куќа.

 

Share.