Мукоски, Василески и Чавков во домашен притвор

0
538

Врховниот суд им го замени притворот на пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василески и на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков со домашен притвор. Тие се осомничени за насилствата во Собранието на 27 април минатата година.

Уште петмина осомничени за насилствата од притвор се пуштаат во домашен притвор, а четворица остануваат во затворот во Шутка.

За сите осомничени се укинуваат точките 2 и 3 од член 165 од Законот за кривична постапка, како основ за продолжување на мерката притвор и куќен притвор, соопшти Врховниот суд, односно се укинува можноста за влијание врз сведоци и можноста за повторување на кривичното дело.

Осомничените З.С., Г.А., И.С., В.Т. и В.М. остануваат во притвор.

За осомничените Љ.Д., Ј.Т., Е.Д.Б. и И.Д. за кои била определена мерка куќен притвор, истата се укинува и се определуваат мерки на претпазливост да се јавуваат еднаш неделно во основниот суд на чија територија имаат живеалиште.

Осомничените С.М., М.М. и С.М. мерката куќен притвор останува.