Уште еден мурал под наслов “Уметност за сите”, како дел од проект финансиран од Министерството за култура, од денес ќе го краси средното училиште ,,Таки Даскало” во Битола, напиша на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

„Ликовната преокупација на двете уметнички од Битола, Дијана Колонџоска и Ленче К.Јагоридовска и нивните слични погледи на епохата, ги наведе да го изразат ликот на еден од најмаркантните современи македонски сликари Борислав Траиковски.
Траиковски е еден од основачите на современата уметност во Битола и Македонија, еден од основачите и првиот претседател на Друштвото за ликовни уметници од Битола и еден од најзначајните членови на групата „ВДИСТ“. Неслучајно беше избрана и локација за муралот, имено, во тоа училиште Траиковски долги години работел како професор по ликовна уметност.
Целта на овај проект е афирмација на македонските уметници, доближување на културата и уметноста до младата популација.
Наскоро градот Битола ќе биде разубавен со уште еден мурал, посветен на народната хероина, учесничка во НОБ, Елпида Караманди под наслов “Таму ле мајко, близу Битола”, напиша Костадиновска-Стојчевска.


