ТЕРА

REKLAMA???

МУСЛИМАНИТЕ ГО СЛАВАТ РАМАЗАН БАЈРАМ

Верниците од исламска веросиповед денеска го слават празникот Рамазан  Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и за празник за духовно и за телесно прочистување.

По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.

Рамазан Бајрам се слави три дена, а доаѓа по едномесечниот строг пост. Рамазан е месец на добрината, љубовта и на милоста.

Утрово во џамиите во Битола се одржа Бајрамска молитва, а битолскиот муфтија Амит Расими заедно со верниците беше во Хатуние џамијата.

Празникот Рамазан Бајрам е триумф на доброто над злото, на духовноста над страста и емоциите, на моралот над неморалот, на искреноста над измамата, на акцијата над небрежност, на оптимизмот над очајот, на достоинство над нестабилност, на трпение над нетрпеливост, на божествено над сатанско. Сето тоа нас не прави личност на дејствување во негувањето на доброто и избегнувањето на злото. Ова е вистинскиот пат и ова е подигање на свеста на верникот кој во вистински момент е подготвен да даде одговори на предизвиците и ситуациите кои ги носи времето во кое живееме. 

Празникот Рамазан Бајрам е неработен ден за сите граѓани во државава.

Фото: Агим Џело