ТЕРА

REKLAMA???

М-Р МЕТОДИЈА ИЛИЕВСКИ Е ЕДЕН ОД НОВИТЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ

Како што е познато СДСМ по конгресот ги избра и највисоките партиски раководни тела. Еден од потпретседателите на партијата е битолчанецот Методија Илиевски, кој е магистер, а има запишано и докторски студии на Биотехничкиот факултет во Битола.

Во биографијата на Илиевски која е објавена на интернет страницата на СДСМ, како и за останатите личности од раководството, стои:

„Методија Илиевски е потпреседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Член е на СДСМ од 2005 година и извршувал голем број на партиски и општествени функции. Од неговите осумнаесет години како поборник за социјалдемократијата учествувал во повеќе кампањи кој со својата лојалност и работа до денес не отстапил од патот по кој започнал да се движи. Со својот критички став без разлика дали кон својата партија или кон останатите партии, секогаш е на страната на граѓаните. Од 2009 до 2013 год. Ја изврсува функцијата претседател на ЛК СДММ Битола во 2013 година до 2017 год. станува потпретседател на СДММ. Од 2013 година до денес е член на Советот во Општина Битола, а во последните два мандати ја носи улогата на координатор на советничката група на СДСМ. На последните претседателски избори беше кандидат за пратеник во ИЕ 5.

Роден е на 10.02.1987 година во Битола. Основно образование завршува во Битола. Средно и високо образование исто така ги завршува во родното место. Дипломира и магистрира на Факултетот за Биотехнички науки во Битола, а тука е запишан и на неговите докторски студии. Своето работно искуство започнува да го темели во приватниот сектор, а од 2018 год. Е вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во периодот како Раководител беше член и во Комисијата за земјоделие каде учествуваше во донесувањето на стратешките планови во земјоделието.

Ракометот е исто толку важен во неговиот живот колку и политиката. Спој на две различни области кои прават одличен баланс за да е успешен и професионален и на овие две полиња. Со ракомет започнал да се занимава од најрана возраст, каде што сега е меѓународен ракомет судија“ стои во неговата биографија.