Наградата Тоде Петрески годинава за Марјан Танушевски

0
2073

Битолски весник денеска ја додели наградата “Тоде Петрески”, која овој пат му припадна на новинарот на Македонската информативна агенција д-р Марјан Танушевски.Наградата во чест на прерано починатиот новинар Тоде Петрески става посебен акцент на репортажата како ангажирана форма која навлегува во сите општествени пори. Но, за да може новинарството да ја исполнува својата улога потребна е и институционална поддршка, вели Танушевски.

Танушевски зад себе има 35 години посветена работа на полето на новинарството во Македонската информативна агенција и во Радио Битола, каде имал можност да соработува токму со Тоде Петрески.Порака за поддршка на професионалното новинарство, наспроти квазиновинарството упатија и од семејството на Тоде Петрески, неговата сопруга Снежана Петреска и ќерката Даниела Петреска, нагласувајќи дека новинарите се разбудениот дел од народот и нивната единстевна професионална задача е вистината.

Организаторот на манифестацијата, Менде Младеновски, истата ја искористи за да упати како што рече последен крик за спас на битолското и македонското новинарство.

Наградата “Тоде Петрески” денеска беше доделена по 14-ти пат.