ТЕРА

REKLAMA???

НАГРАДА ЗА БЈЕЛОГРЛИЌ НА ФЕСТИВАЛ ВО МАКЕДОНИЈА

На 8-то издание на меѓународниот филмски фестивал Киненова, меѓународното жири во кое членуваат еминенти имиња од Полска, Холандија и нашиот драмски писател Дејан Дуковски, наградата за најдобар филм му ја доделија на познатиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ „Чуварите на формулата“, кое ја окарактеризира како исклучителната и длабоко човечка приказна.

„ Дојдов овде за да ви го покажам мојот филм и воопшто не знаев дека ќе добијам награда. Дознав пет минути пред почетекот на свеченоста. Ви благодарам, ова е големо изненадување за мене и голема чест. Пред некој ден ми беше роденден и влегов во седмата деценија, а оваа награда ќе ја сметам како нејзин добар почеток“, истакна Бјелогрлиќ и додаде:

„Ја прочитав книгата на Горан Милашиновиќ и истражував доста за инцидентот во Винча. Знаев дека биле озрачени некои луѓе таму и дека им помогнале некои луѓе во Франција. Но, тоа е сè што знаев. Не знаев дека работеле на таен проект за атомска бомба, ниту се зборуваше за тоа тогаш, ниту денеска се зборува. Премиерата на филмот во Белград ќе се случи за некој ден и веднаш чекам да почнат да ме обвинуваат дека никогаш не правеле атомска бомба, дека повторно нешто измислувам. Искрено, мене не ми беше провокација таа бомба, туку како станува формулата на смртта формула на животот“.

Токму ова остварување на српскиот актер, режисер, сценарист и продуцент, кој беше награден со бурен аплауз од присутната публика во киносалата „Синеплекс“, е прогласен за најдобар филм, со образложение дека се работи за исклучителната и длабоко човечка приказна.

Филмот претходно беше награден на најголемиот европски отворен филмски фестивал во Локарно, Швајцарија.Филмот ја освои наградата „Пардо верде“ за која се квалификуваат сите филмови прикажани на фестивалот што на публиката ѝ нудат нови интерпретации кои инспирираат промени во свеста за иднина која ќе има поголема одржливост, а освен оваа  награда ја освои и Variety Piazza Grande Award.

Филмот е поддржан од Еуримаж е е копродукција меѓу Србија, Словенија, Црна Гора и Македонија, односно, Кобра Филм и Тон Филм од Србија, Перфо Словенија, Битер Фрејмс Црна Гора и Скопје Филм Студио од Македонија.