Награда за животно дело на Владимир Милчин

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

54.Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, свечено беше отворен со претставата „Магбет“ од Вилијам Шекспир, во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје. Исто така и прилепската публика ја имаше ретката можност да присуствува на концертот на еден од најдобрите гитаристи на пошироките простори, Влатко Стефановски.

Наградите за животно дело годинава им припаднаа на режисерот Владимир Милчин и актерот Бајруш Мјаку.

„Глупаво би било да потсетам дека Прилеп е град на моето детство. Бос го имам шетано по браздите, на Селечка, на Маркукуле и така натаму, потенцираше Владимир Милчин.

Владимир Милчин е македонски режисер роден во Скопје на 29 април 1947. Милчин дипломирал на отсекот за режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград, во класата на проф. д-р. Хуго Клајн (1970).

Во 2012 година, Комисијата за лустрација на Република Македонија објавила дека Милчин дека бил соработник на тајните служби во времето на СФРЈ. Според решението, Милчин го користел псевдонимот „Драматург“ во времето кога бил декан на факултетот за драмски уметности.

Милчин е основач на алтернативниот театар „Не-театар кактус“ (1964-1970). Заедно со Слободан Унковски ја водел алтернативната група „Театар кај св. Никита Голтарот“ (1970-1972). Исто така, тој бил драматург и режисер во Драмата при Македонскиот народен театар во периодот од 1970 до 1982 година, додека хонорарно водел актерска класа на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје во периодот од 1972-1974 година. Милчин е еден е од основоположниците на Театарската работилница на Филозофскиот факултет (1979-1983). Од 1982 година, тој водел класа за актерска игра на Факултетот за драмски уметности.

Добитник е на голем број на награди и признанија за неговата работа, досега на МТФ „Војдан Чернодрински“ добил шест награди за најдобра режија, а оваа година на фестивалот се закити со наградата за животно дело.

Share.