Награда за Медена земја на 34-тото доделување на ASC наградите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

ASC- американската асоцијација на кинематографери, ги додели наградите на најдобрите, на 34- тото издание на манифестацијата која синоќа се одржа во театарот Долби во Лос Анџелес. За прв пат оваа година се додели наградата за најдобар документарец, која отиде во рацете на кинематограферите на Медена земја-Фејми Даут и Самир Љума.

Останати номинирани во оваа категорија беа Николас де Пенсиер и Евангелија Краниоти.

Наградите ASC ја препознаваат совршеноста во обликувањето на слики во филмската игра, телевизијата и документарците. Оваа награда значи препознавање на работата на целиот тим на Медена земја, режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев, музиката на Фолтин.

-Ние доаѓаме од Македонија, земјата во која се одржува најстариот фестивал посветен на кинематографијата Браќа Манаки-вака Самир Љума го започна својот говор на сцената.

Приказната за последната одгледувачка на диви пчели, Атиџе, од селото Бекирлија, ја однесе Македонија во центарот на филмските остварувања. Македонскиот документарен филм „Медена земја“, кој минатата, но и оваа година е апсолутен светски филмски хит, го достигна врвот, освојувајќи две номинации за Оскар, за најдобар документарен филм и најдобар странски филм.

Сега и со оваа светска награда, се запиша со златни букви во историјата на македонската, но и светската кинематографија.

 

Кинематограферот кој на филмскиот фестивал Браќа Манаки ја освои Златната камера за животно дело, Роџер Дикинс, на оваа манифестација ја освои наградата за најдобра филмска кинематографија за филмот „1917“.

Наградата на ASC манифестацијата на Љума и Даут, ја додели режисерот на Џокер- Тод Филипс.

 

Share.