Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски – „Сузи Кју Продукција“ е награден со уште една награда на фестивалот за краткометражни филмови „Chicago Shorts“, во САД за најдобра музика во краток филм. Музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев. Филмот имаше две прикажувања на 40-тото издание на Festival Tous Courts во Екс-ан-Прованс, Франција. „Шеќерни луѓе“ беше награден и со две 2 награди на Art Film Spirit Awards во соработка со Toronto Film magazine, во Канада, за најдобра актерка за Сара Климоска и за најдобар актер за Филип Трајковиќ.
Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе ”, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм и „Сузи Кју Продукција“, досега има освоено повеќе награди на различни меѓународни фестивали за краткометражни филмови.
Главните улоги ги играат: Сара Климоска и Филип Трајковиќ, сценариото е на Владимир Јанковски и Сузана Диневски, директори на фотографија се Димитар Попов и Дејан Димески, монтажата е на Гоце Кралевски, дизајнер на постерот е Коста Лазаревски, трејлерот е изработен од Горан Вуќиќ, тонски дизајнер е Дарко Спасовски и музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев.












