Наградена проф. Трајковска Гордана од Државното музичко училиште

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денес на официлајната страница на Фејзбук на Државното музичко училиште од Битола беше споделена веста дека проф.Трајковска Гордана е наградена после одржаниот состанок на комисијата за доделување на годишни награди на истакнати музички и балетски педагози, оваа година наградата за повеќегодишно остварување во областа на музичката и балетска педагогија ја доделиле на професорката по солфеж, проф.Трајковска Гордана

Наградата се доделува за долгогодишната работа со ученици која резултирала со многубројни републички и меѓународни награди и признанија; Личната стручно-теоретска или уметничка дејност и значителното влијание врз развојот на музичкиот живот и професионални стандарди во нејзината матична средина и пошироко.

Биографија
Основно и средно музичко образование завршува во Државно музичко училиште- Битола, отсек музичар-теоретичар – педагог од 1983-87 год.
Во 1991 Дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје, отсек дипломиран музичар теоретичар- педагог;
Во 1992 год. се вработи во основното музичко училиште како професор по солфеж и клавир;
Од 2009 год. е вработена во средното музичко училиште како професор по солфеж.
Во 2012 год. завршува постдипломски студии и се стекнува со стручен назив магистер по методика на наставата по музичко образование
Со ученици по солфеж на Државни натпревари има освоено многу награди и тоа на:
• Државен натпревар на музички и балетски педагози на Република Македонија;
• Државен натпревар за млади музичари на Здружение на директори на музичките и балетски училишта ,,Хармоника-МБ”;
• Државен натпревар на Здружение на музички и балетски педагози на ученици и студенти.
• Меѓународен натпревар по солфеж во Белград.
Учествувала на повеќе семинари во својство на учесник и тоа од областа на образованието.
Била член на жири комисија на повеќе натпревари и музички фестивали како, Меѓународен натпревар Михајло Николовски, Државени натпревари во Р.Македонија.

 

Share.