Награди и признанија за учениците на Битолското музичко училиште

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Државното музичко училиште од Битола оваа недела организираше целовечерни концерти на кои учество зедоа  учениците од основното и средното училиште во Битола, добитници на награди на меѓународните и државни натпревари кои се одржаа неодамна во Скопје, Ниш, Софија и Белград. Концертите беа исполнети со богата програма и проследени со големо внимние од страна на  многубројната публика која со овации ги поздрави младите музичари.

-Горди сме на успесите на нашите ученици кои се претставија во одлично светло на натпреварите и уште еднаш го докажаа успехот на ова училиште. Овие концерти се дел од одбележувањето на 71 година постоење на нашето училиште-истакна директорката Катарина Велковска.

Сите овие награди и признанија добиени на државните и меѓународни натпревари, ќе се заокружат со традиционалниот годишен концерт кој ќе се одржи на 17 ти мај, со почеток од 19 часот во Центарот за култура.

 

 

Share.