Над 1300 починати од коронавирусот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Властите во централната кинеска провинција Хубеи соопштија дека уште 242 лица починале од избувнувањето на епидемијата на новиот коронавирус од кој починаа повеќе од 1.300 луѓе од декември досега.

Во четвртокот, Кина испрати 1.400 воени медицински лица во Вухан, градот каде се верува дека коронавирусот се појави во декември на градскиот пазар за морска храна.

Кинеските државни медиуми покажаа снимка од воениот авион како пристигнува на аеродромот носејќи персонал и материјали.

Кина испраќа 2.600 воени медицински лица за да им се приклучат на 4.000 лица медицински персонал кој веќе е во Вухан.

 

Share.