Над 30 луѓе загинаа во силниот земјотрес на Папуа Нова Гвинеја

0
198

Повеќе од 30 лица, од кои четири деца загинаа, а над 300 се повредени во земјотресот со интензитет од 7,6 степени според Рихтеровата скала што синоќа го погоди централниот дел на Папуа Нова Гвинеја.

– Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до планинските области каде патиштата се затрупани, а во прекин се и телефонските линии – јавија утрово локалните медиуми, еден ден по земјотресот, чиј епицентар беше 90 километри југозападно од долината Поргера, каде има повеќе села и еден рудник за злато.

Според весникот „Пост Куријер“ најмалку 13 лица загинале во Менди, а 18 во неговата околина.

Католичкиот свештник отец Пиус Хал изјави дека во одроните предизвикани од земјотресот загинале најмалку 10 лица, од кои четири деца.