Над 30 убиени во самоубиствен напад во Кабул

0
260

Најмалку 31 лице е убиено денеска во самоубиствен бомбашки напад во Кабул, главниот град на Авганистан, соопштија локалните власти.

Портпаролот на Министерството за здравство првично рече дека четири лица загинале, а 15 луѓе се ранети во нападот што беше изведен во центарот за регистрација на гласачи.

Никој не ја презеде одговорноста за нападот.