Над 300 лица од Македонија во август побарале азил во ЕУ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во август 349 граѓани на Република Македонија побарале азил во земја од Европската Унија, а од нив една третина се повторни барања откако еднаш биле одбиени, покажуваат последните бројки на Европската канцеларија за азил.

Се уште 919 лица од Македонија се во исчекување на одговор од властите.

Во јули бројката на барања од Македонија била 351, а во октомври 2017 – 505.

Граѓаните од Србија, Македонија и Таџикистан се рекордери по бројот на повторни барања за азил, што, според ЕАСО, покажува дека овие лица се долгорочно присутни во системите на азил на земјите членки на ЕУ.

Share.