Над 50 поврдени во демонстрации во Барселона

0
179

Околу 50.000 луѓе синоќа излегоа на протести на улиците на Барселона по апсењето на поранешниот претседател на каталонската регионална влада, Карлес Пуџдемон во Германија.

Во немирите кои избија беа повредени повеќе од 50 лица, меѓу кои и осуммина полицајци, а четворица демонстранти се уапсени.

Демонстрантите фрлаа со шишиња и метални предмети кон полицајцитe, кои пак возвратија со предупредувачки истрели.

Протестниот марш се одвиваше од претставништвото на европската комисија па се до германскиот конзулат. Германската полиција вчера го уапси Пуџдемонна границата меѓу Германија и Данска.