Над 500 учесници на традиционалната ноќна атлетска трка во Битола

Во рамките на прославата на општината за одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, во организација на Сојузот на спортови, Сојузот за училишен спорт и општина Битола, се одржа традиционалната, ноќна атлетска трка. Оваа година се одржа 63 то издание.

На трката учество зедоа над 500 учесници, основци, средношколци  ветерани.

Учесниците и публиката ги поздрави новоизбраниот градоначалник на Битола, Тони Коњановски, кој нагласи дека се радува дека младите од Битола го покажаа спортскиот дух и со тоа ја продолжуваат традицијата која трае 63 години .„Општина Битола и во идина ќе продолжи со помагање на оваа манифестација„, истакна тој, а потоа на дел од учесниицте им додели дипломи и медали.

„Екипните победници кои ќе ги дознаеме по сумирањето на поединечните резултати ќе ги добијат наградите на изборот на спортист на Битола за 2019 година,„рече претседателот на Сојузот на спортови, Димче Миновски.

Покрај младите оваа година на крајот се одржа и трката на граѓаните, а Јовче Талевски, поранешниот камерман на Тера телевизија, е победник во категоријата ветерани.

На победниците победите им ги честитаа и им доделија медали и дел од членовите на Советот, членови на Управниот одбор на Сојузот на спортови, професори по физичко образование и други истакнати спортисти и спортски работници од Битола.

Покрај екипните пласмани, сите поединечни победници, второпласираните и третопласиранире добија медали и дипломи, за постигнатите резултати, но и како спомен на оваа трка во 2021 година.

Трката се одржа на Широк Сокак и плоштадот „Магнолија“.

Сподели