ТЕРА

REKLAMA???

НАД 7 МИЛИОНИ ЕВРА НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО РЕК БИТОЛА

РЕК Битола ќе инвестира над 7 милиони евра за набавка на нов трансформатор и поправка на еден од трансформаторите на блоковите. Трансформаторот на Блок 3 ќе биде репариран во специјализирана фабрика за такви зафати во Србија, а паралелно се води постапка за набавка на нов трансформатор.

„РЕК Битола и покрај енергетската криза вложува со цел да има стабилно производство и да бидеме стабилни во енергетскиот систем. РЕК Битола ќе инвестира околу 7 милиони евра со кои ќе го санира постоечкиот трансформатор и ќе набавиме нов трансформатор. Како што кажав, за да имаме стабилно производство треба да имаме и стабилни машини, односно стабилни постројки, тоа значи дека РЕК Битола се припрема полека, полека да почниме да ги заменуваме оние стари постројки коишто се постари повеќе од 45 години. РЕК Битола со новиот менаџмент води друга политика, односно политика на вложување, односно промена на сите стари машини“, изјави Пеце Матевски, директор на РЕК Битола

Истовремено, во РЕК Битола започнуваат ремонтните активности со цел комбинатот да биде максимално подготвен за следната грејна сезона. По 174 денови работа без прекин, од системот е исклучен Блок 2 на кој во следните неколку денови ќе се вршат неколку санации.

„Блок 2 е исклучен ноќеска после полноќ заради пројавени аномалии кои се случија пред една недела. Таа аномалија ја пратевме и сега превентивно го исклучуваме блокот за да ја средиме не само таа аномалија туку и други проблеми коишто беа со блокот. Планираме неколку дена активно да работиме на отстранување на проблемите, за да го пуштиме блокот во мрежа“, изјави Александар Пасков, директор на ПЕ Термоелектрани

На нашето прашање како Блок 2 издржал да биде во погон без прекин речиси шест месеци, директорот на Термоелектрани вели дека повеќе фактори влијаат на тоа.

„Прво е што беше направен мини ремонт на крајот на ланската година, кој што беше направен солидно. Морам да напоменам дека имаше вонредно залагање на цел персонал за да се пратат сите параметри на блокот и навремено да се дејствува, со цел блокот да работи какао што треба. Имавме и фактор среќа мал бидејќи машините коишто ги работеме т.е блоковите се стари околу 40 години, што значи мора да се земи превидот среќа, бидејќи ние и покрај нашето вонредно залагање, староста на маѓините си е реалност“, рече Пасков.

Од РЕК Битола велат дека годинава ремонтните активности на блоковите ќе ги изведуваат согласно можностите и потребите на електроенергетскиот систем на земјата, без да биде нарушено стабилното и континуирано производство на струја.